Уште еден квалитетен настап на Роџерс Мато, напаѓачот на Вардар на АСФКОН во дресот на Уганда. Вечерва во меч од 3.коло во групата, вардарецот и најдобриот фудбалер во ПМФЛ за есенскиот дел, постигна гол против Нигерија за намалување на водството на противникот на 1:3. Мато во таа 75.минута убаво се снајде пред голот на Нигерија и во манир на расен стрелец ја затресе мрежата на противникот.
Uganda’s consolation goal by Rogers Mato. pic.twitter.com/NwZXv7pPnd
— 👉👉 Follow:@CenterOfGoals (@EdytheSchm78391) December 30, 2025










