СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ: Завршува една година, продолжува нашата спортска приказна!

11

Почитувани читатели,

Денеска заокружуваме уште една спортска година и чекориме кон прагот на 2026 година. И во изминатите 365 дена токму спортот беше она што ни ги полнеше срцата со искрена, неповторлива среќа. Заедно се радувавме на победите, заедно ги живеевме поразите – затоа што спортот најдобро нè обединува.

И во оваа 2025 година нашите страници беа исполнети со емоции, приказни и моменти што остануваат запаметени. Се трудевме да го доловиме секој важен спортски миг и секоја приказна што заслужува да биде раскажана. Така ќе продолжиме и во 2026 година – со истата страст, одговорност и љубов кон спортот.

Тимот на СпортСпорт ви посакува среќни празници, многу здравје, љубов и радост во новата година.

На спортски план, да си посакаме Македонија да слави нови успеси, заедно да испишеме уште многу страници од нашата спортска историја. Да бидеме гласна поддршка и силен ветер во грб за нашите спортисти – затоа што сите тие ја заслужуваат нашата почит.

Се читаме во 2026 година!

ПретходноШто најмногу читавте? ТОП 10 најчитани текстови на „СпортСпорт“ во 2025-та!