Миовски во Динамо Загреб?! Фановите во Хрватска го “селат“ Македонецот во таборот на “модрите“! (ФОТО)

175
ФОТО: Rangers FC/FB

Дали е можно Бојан Миовски да направи трансфер во Динамо Загреб? Ова доаѓа откако вчера фановите на “модрите“, а и некои ФБ профили во Хрватска најавија дека можно е таквото сценарио.

Сепак, останува да се види како на ова ќе реагира како прво самиот Миовски, а потоа секако и неговиот клуб Глазгов Ренџерс, а на крај и самите луѓе во хрватскиот гигант.

Се наведува дека е можна позајмица во јануари, но останува да почекаме. Очигледно е дека Динамо Загреб како да не може без Македонци. Откако минатото лето си заминаа Аријан Адеми и Стефан Ристовски, дали сега на ред е Бојан Миовски, еден од нашите најдобри фудбалери, да го облече дресот на “модрите“ од Загреб.

Интересно е дека засега, барем вчера и денеска медиумите во Хрватска и Шкотска не известуваат за ваков можен трансфер.

ПретходноИ Модриќ го вклучија во дебатата за тоа кој е подобар: Меси или Роналдо?
СледноГранде, Енис и Седло: Македонија се гордее со своите капитени!