Руските медиуми попладнево објавија дека македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, сака да го раскине договорот со рускиот клуб Зенит, бидејќи добил понуда од германскиот клуб Баерн.
27-годишниот Димитријевиќ, кој ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) во плејофот во 2023 година и шампионската титула со УНИКС, се врати во руското првенство по една сезона во италијалијанскиот клуб Олимпија Милано, и досега одигра 10 натпревари, со просек од 11,5 поени, 2,9 скока и 5,7 асистенции за 24 минути на теренот.
Зенит сака да го купи дефанзивецот Ксавиер Ратан-Мејес од германскиот клуб, чија минутажа е намалена по доаѓањето на Спенсер Динвиди.










