Ниту еден клуб во турскиот кошаркарски шампионат не игра така „топло-ладно“ како Тофаш на Емил Рајковиќ. И денеска во седмото гостување во тековната сезона во турската елита, Тофаш не успеа да победи на гости. На мечот против Каршијака, момците на Рајковиќ имаа шанси за прво гостинско славје, но испушнија шанса во последните моменти од мечот, кога домашните се изборија за продолженија.
Во дополнителните минути, домашните беа подобри и на крајот со 107:101 успеаја да дојдат до триумф, а Тофаш да запише 0/7 на гостувањата сезонава. Интересно е што, пак, момците на Рајковиќ се единствениот тим (покрај Фенербахче) во лигата кој има 7/7 победи на домашен терен.










