Солскјер потврди: Роналдо и дефинитивно утре ќе игра против Њукасл!

199

Нема веќе дилеми, ако и ги имаше. Имено Кристијано Роналдо веќе утре ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед и ќе заигра за “ѓаволите“ на мечот против Њукасл, закажан за 16 часот на “Олд Трафорд“.

Ова го потврди и тренерот Оле Гунар Солскјер…

Кристијано имаше добри подготовки со Јувентус, играше и за репрезентацијата. Со нас е веќе неколку дена и сметам дека е подготвен да заигра. Сигурно е дека ќе добие минутажа на утрешниот меч. Тој е еден од најдобрите играчи на сите времиња, ако не и најдобар. Со него добиваме плус во нашиот квалитет“ изјави Солскјер на денешната прес – конференција.

ПретходноЕскиќ: Брегалница е максимално организиран клуб!
СледноРасистички скандал во Мадрид: Овој е поцрн од костумот кој што го носи!