Менди од Манчестер Сити останува зад решетки, судењето ќе почне по Нова година

219

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, ќе биде суден по обвиненија за силување и сексуален напад на 24 јануари следната година, откако Судот во Честер Крун денеска го одреди датумот на судењето, објавија британските медиуми.

На 27-годишниот фудбалер кому минатата недела му беше одбиена кауција откако беше обвинет за четири точки за силување и едно за сексуален напад и му беше одредена мерка притвор.

Би-Би-Си објави дека Елеонор Лоус, која го брани Менди, изјавила дека ќе има апликација за отфрлање на обвиненијата на рочиштето на 15 ноември. второобвинетиот Луис Саха Матури (40), исто така, е обвинет за четири точки од обвинението за силување.

Обвиненијата против Менди, кој беше суспендиран од клубот од Премиер лигата, се однесуваат на три случаи за кои се тврди дека се случиле меѓу октомври 2020 и август 2021 година.

ПретходноЃорѓиев со гол првенец за победа на Теута
СледноОдлични вести за Милан: За дербито со Лацио се враќаат Ибра, Кеси и Жиру