Одлични вести за Милан: За дербито со Лацио се враќаат Ибра, Кеси и Жиру

140

Добри вести за Милан. Денешниот ПЦР тест на Оливие Жиру е негативен, што значи дека тој ќе може да му се стави на располагање на тренерот Пиоли за дерби дуелот со Лацио.

Францускиот напаѓач, кој одлично ја започна сезоната во дресот на „росонерите“, ја помина претходната недела во изолација бидејќи беше позитивен на коронавирус. Меѓутоа, сега тестот беше негативен, така што ќе ја зголеми конкуренцијата пред исклучително важниот натпревар.

Милан, исто како и Лацио, има максимални шест бода од стартот на сезоната. Во тимот на Милан се враќаат и Златан Ибрахимовиќ и Френк Кеси.

ПретходноМенди од Манчестер Сити останува зад решетки, судењето ќе почне по Нова година
СледноМЗТ Скопје А. поразен на првиот тест во Солун