Нашиот интернационалец Пепи Ѓорѓиев со гол првенец во дресот на Теута му ја донесе стартната победа на својот тим во премиерниот меч од новата сезона во албанската Суперлига.
Ѓоргиев беше прецизен во 18 минута за водство на Теута на домашен терен против Партизани и со овој гол, домашните го решија победникот на мечот. Во составот на Теута се појави и Благоја Тодоровски, додека на клупата остана голманот Целевски.
Глигоров, Дамчевски и Белица беа во гостинскиот табор кај екипата на Партизани.