Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром се поразени на пријателски меч во Солун од екипата на Ираклис со 76-62. Мечот бил прилично израмнет, а на полувреме домашните имале предност од само три поени (37-34).
Во продолжението разликата се зголемила, па на крајот Ираклис и убедливо ја доби средбата. Роберт Рикиќ и Дастин Вер со по 15 поени беа најефикасни кај „штрковите“, додека Адем Мекиќ постигна 14 поени.
За утре МЗТ Скопје Аеродром има уште еден тест во Солун против екипата на Арис.