Ајнтрахт казни свој играч со 50.000 евра и правење скара за цел тим!

297

Се чини дека, барем според германските медиуми, се смирија страстите и караниците меѓу Ајнтрахт Франкфурт и српскиот интернационалец Филип Костиќ. Да потсетиме дека Србинот сакаше да се пресели во Лацио, но поради технички причини тој трансфер не успеа на време да се заврши, па така тој почна да протестира.

Раководството на Ајнтрахт и Костиќ успеале сепак да се смират, но казната мора да се плати. А таа е Костиќ да уплати 50.000 евра и притоа да организира скара за цел тим.

Германска работа…

ПретходноКлоп: Само парите им се важни
Следно“Лудница“ пред “Олд Трафорд“: Сите се РОНАЛДО!