После Пеле и Ромарио заврши на операција!

162

После “Кралот“ Пеле уште една бразилска супер – ѕвезда, некогашен фудбалер, заврши на операција. Во прашање е славниот Ромарио кој со својата репрезентација стана светски првак на Мундијалот во САД во 1994 година, каде просто блескаше.

Врз Ромарио била направена операција на жолчката и тој се чувствувал добро во болницата “Копа Стар“ во Рио де Жанеиро.

Тој за неколку дена би требало биде на домашно лекување.

ПретходноОткупната клаузула на Мбапе во Реал Мадрид ќе биде МИЛИЈАРДА евра!
СледноСаинц и на Монца удри во заштитниот ѕид, но избегна потешка повреда (ВИДЕО)