Нено и Баерн поразени во Пиреја, Ц. Звезда и Партизан и натаму се бламираат!

466
ФОТО: FC Bayern Basketball/X

Вечерва во рамките на 21.коло се одиграа неколку натпревари во Евролигата. За нас секако е најинтересен настапот на Баерн Минхен и тоа поради фактот дека од пред неколку дена за тој тим настапува Ненад Димитријевиќ. Откако завчера на своето деби против Басконија се радуваше на победата за Баерн Минхен, сепак вечерва во Пиреја домашниот состав на Олмпијакос славеше со 95:80.

Нашиот најдобар кошаркар во игра беше 22 минути и успеа да запише шест поени и пет асистенции.

Германскиот тим добро се држеше до полувремето, ама во продолжение на мечот Олимпијакос ја искажа сета своја сила за нова победа.

Инаку и вечерва српските гиганти доживеаја убедливи победи со што продолжија да се бламираат. Посебно Ц. Звезда која на гости кај Жалгирис беше поразена со 99:67. Партизан го забележа и шестиот пораз во низа, овојпат кај Барселона со 88:70. Очигледно дека и двата тима ги тресе тешка криза.

ПретходноВладимир Стојковиќ на 42. години ќе брани за Чукарички
СледноСпектал во Бундеслигата: Голеада и по бод за Франкфурт и Дортмунд!