Фудбалскиот свет, а посебно фановите на Манчестер Јунајтед се во исчекување на настапот на Роналдо во дресот на “црвените ѓаволи“ против Њукасл. Мечот започнува од 16 часот, пред “Олд Трафорд“ е лудница, овој ден го нарекуваат и “Роналдо – денот“.
Едвај се чека да се виде настапот на Португалецот по цели 12 години во дресот на англискиот гигант.
Инаку и самиот Роналдо ја “загреа“ атмосферата со својата објава на ФБ во која стои…
“Истото место…истиот дух…Нова авантура… Одиме ѓаволи!“.
Интересно, оваа објава за 19 часа собра неверојатни 2,2 милиони лајкови.