Конечно и очекувано. Како што предмалку објави медиа тимот на Валенсија, македонскиот голман ќе биде стартер на голот на тимот од “Местаља“ во меч од Ла Лига од 19.коло и тоа против Елче вечерва од 21 часот. Ова доаѓа откако Агирезабала, кој важи за прв голман кај тренерот Корберан се повреди, па така Столе застана на голот на Валенсија. Секако дека не се сомневаме дека еден од најдобрите голмани во Ла Лига вечерва пред своите фанови во целост ќе ги искаже сите свои квалитети.
🦇⚽️ OUR STARTING XI 🆚 @Elchecf_en #ValenciaElche pic.twitter.com/TJ1D0h0TpX
— Valencia CF (@valenciacf_en) January 10, 2026










