Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, она својата прес – конференција пред финалето со Барселона и тоа како имаше што да каже. Тој нагласи дека евентуалниот триумф и првиот трофеј на чело на „белите“ нема да биде „лично ослободување“ за него по шест месеци исполнети со сомнежи за неговата работа.
Расположението во мадридскиот табор е високо, особено по феноменалниот гол на Феде Валверде против Атлетико, но фокусот сега е целосно на претстојниот судир. Главната тема за која сите се загрижени е патувањето во последен момент на големата ѕвезда Килијан Мбапе и неговото евентуално учество во натпреварот. Запрашан за состојбата на тимот, Алонсо беше категоричен:
„Имаме можност да играме во финалето. Ова е посебен натпревар и сакавме да бидеме тука. Мора да почекаме за попладневниот тренинг, а и фудбалскиот и емотивниот аспект ќе бидат важни. Подготвени сме и мора да одиграме комплетен натпревар“
Според него, нема јасен фаворит во финалето.
„Ова е фудбалски натпревар. Финале. Сè може да се случи и ние сме фокусирани на она што треба да го направиме.“ Ќе има моменти за сè. Мора да ја имаме потребната енергија“, рече тој.
Темата за состојбата на Килијан Мбапе привлече најголемо внимание. Француската ѕвезда пристигна во Саудиска Арабија во петокот вечерта, но вестите околу него се оптимистички.
„Тој е многу подобар. Против Атлетико беше на работ и решивме да не брзаме со работите, но со идејата дека може да дојде за финалето. Тој пристигна вчера и ќе тренира со тимот денес. Ќе го процениме и ќе одлучиме дали ќе игра од почеток или помалку“, објасни Алонсо.
Тренерот беше категоричен дека нема да се преземат непотребни ризици со здравјето на напаѓачот.
„Ова е одлука што ќе ја донесеме заедно со играчот, тренерите и лекарите. Мора да го процениме ризикот. Моментот во кој сме и влоговите се јасни. Ние не сме камикази кога донесуваме одлуки. Ризикот е контролиран.“










