И со Столе на голот: Валенсија едвај до бод со Елче на “Местаља“!

387
ФОТО: Valencia C.F/FB

Столе Димитриевски иако имаше солиден настап за Валенсија во меч од Ла Лига, сепак не успеа да дојде до „чиста мрежа“ на мечот со Елче и тоа на “Местаља“. Се играше 75.минута кога Диангана успеа со максиммално прецизен шут од лево да го матира Македонецот за водство на Елче од 0:1.

Се играше 90.минута кога домашниот состав доби пенал, а Пепелу истиот го претвори во гол за израмнување на 1:1.

Сепак и покрај се тимот од “Местаља“ и вечерва, во меч од 19.коло во Ла Лига покажа дека е далеку од оние славни времиња кога овој тим играше и во финалето во Лигата на Шампионите.

Сега Валенсија тавори во долниот дел на табелата во Примера, поточно во зоната за испаѓање со само 17 освоени бодови.

ПретходноАталанта со триумф против Торино!
СледноФА Куп: Росениор со “петарда“ дебитираше на клупата на Челзи!