Данска во пеколен ритам пред дуелот со Македонија, Романија со три порази пред ЕП

2445
Фото: ИХФ/Колектиф

Учесниците на Европското првенство полека го завршуваат делот посветен на одигрување на пријателски натпревари. За нас, покрај македонската ракометна репрезентација се важни и противниците на Кирил Лазаров и неговите избраници во групната фаза на шампионатот.

Данска уште еднаш потврди зошто е голем фаворит за златниот медал на ЕП. Запиша нова убедлива победа, овој пат против Грција од 38-24. Да не заборавиме оваа селекција која е прв противник на Македонија на ЕП, како од шала триумфираше против Норвешка.

Романија пак е друга приказна, запиша три порази во низа, последниот од Унгарија од 40-36. Македонија против оваа селекција игра на 20. јануари.

ПретходноЧаби Алонсо: Не сме камикази, ризикот со Мбапе ќе биде контролиран!
СледноКонтроверзното правило го исфрла Јокиќ од трката за МВП – затоа Дончиќ има шанса