Тоа е Роналдо: Се врати на „Олд Трафорд“ и веднаш погоди! (ВИДЕО)

399

Во својот прв меч по кам-бекот во црвениот дрес на Манчестер Јунајтед, португалската мега-ѕвезда Кристијано Роналдо веднаш предизвика ерупција на „Олд Трафорд“. Уште со самото влегување на стадионот навивачите западнаа во екстаза, а откако успеа да искористи еден отпадок во шеснаесетниот на голманот на Њукасл во завршницата на првото полувреме и да го донесе Манчестер Ј. во водство од 1:0 на денешниот дуел од 4. коло во Премиер лигата, на радоста на домашните фанови и немаше крај.

„Црвените ѓаволи“ на полувреме заминаа со водство од 1:0..

 

ПретходноБањаја стартува од пол-позицијата во Арагон
СледноКалараш се договори со Балинген