Предводени од неверојатниот Ерлинг Халанд, фудбалерите на Борусија (Д) низ два пресврти на крајот триумфално го напуштаат Леверкусен обезбедувајќи ја третата сезонска победа во Бундеслигата. „Милионерите“ денеска со 4:3 славеа на гостински терен кај еден од ривалите за висок пласман, а повторно во центарот на вниманието беше Норвежанецот.
Халанд постигна два гола (еден од пенал) и беше автор на завршниот пресврт на мечот по кој гостите ги однесоа трите бода. Баер (Л) водеше трипати, но на крајот радоста ги красеше гостинските лица.Гереро во 71. и Халанд од белата точка во 75. минута го направија комплетниот преврт и донесоа победа за „жолто-црните“.
Фудбалерите на Волфсбург се вистинско изненадување оваа сезона. „Волците“ и во четвртиот сезонски настап славеа, денеска на гостувањето кај Гројтер Фирт со 2:0 со што ја задржаа 100% ефикасност од почетокот и веќе собраа 12 бода кои ги оставаат на врвот на табелата.
Изненадување направи и Мајнц кој лесно со 2:0 славеше на гости кај Хофенхајм.
БУНДЕЛСИГА – 4. КОЛО
Баер (Л) – Борусија (Д) 3:4
Фрајбург – Келн 1:1
Гројтер Ф. – Волфсбург 0:2
Хофенхајм – Мајнц 0:2
Унион Берлин – Аугзбург 0:0
РБ Лајпциг – Баерн (М) 18:30 ч.