Повредата е минато: Крстевски напролет ќе биде опција плус во нападот на Шкендија!

78
ФОТО: KF Shkëndija/FB

Добри вести за сите во таборот на Шкендија, а најмногу за стратегот Јетон Беќири и секако Ване Крстевски. Имено младиот напаѓач од стартот на подготовките заедно со своите соиграчи веќе интензивно тренира. Тоа значи дека повредата е минато и тој ќе биде опција плус во нападот на Шкендија во пролетната сезона.

Да потсетиме дека на почетокот на ноември, Крстевски се здоби со дислокација на клучната коска па мораше врз него да биде извршен оперативен зафат. Сега се е во најдобар ред и Беќири ќе добие одлично засилување во нападот.

Да потсетиме дека Крстевски беше стрелец на фантастичен гол на гостувањето во Букурешт, кај Стеауа, и токму тој гол беше победнички за 1:2.

Покрај Крстевски во нападот на Шкендија, барем засега, тука се и Бесарт Ибраими, Фабрис Тамба, Лиридон Љатифи, Фитон Адеми, Фахд Ндзенгуе, кој пред неколку дена дојде од Брера Струмица, тука се и Атдхе Мазари и Себастијан Спахиу.

Навистина Шкендија во нападот има екстра квалитет за наши услови.

ПретходноНоле бурно поздравен на првиот тренинг во Мелбурн, сите ја чекаат 100. победа (ВИДЕО)
СледноВардар одлета за Турција, следуваат тринеделни подготовки и шест контроли (ФОТО)