„Олд Трафорд“ му се поклони на Роналдо, Арсенал, конечно, даде гол и победи, шампионот славеше кај Лестер (ВИДЕО)

249

Импресивен кам-бек на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“. Два гола за Португалецот во својот прв меч за „црвените ѓаволи“ по заминувањето во 2009 година и трета победа за еден од гогантите во англискиот фудбал во годинешната Премиер лига.

Манчестер Ј. славеше со 4:1 на домашен терен против Њукасл, а Роналдо кој беше пречекан со овации од трибините, ги „почести“ фановите на клубот со гол уште во првото полувреме, по што неговиот тим поведе со 1:0. Иако Њукасл успеа да израмни на 1:1 во 56. минута преку Манкиљо, тоа не му пречеше на Португалецот со уште една одлична соло акција во 62. минута да ја врати предноста на „Театарот на соништата“.

На 3:1 зголеми Бруно Фернандеш во 80. минута, а конечние 4:1 ги постави Џеси Лингард во судиското надополнување.

Во дербито на денот, Лестер на домашен терен загуби со 1:0 од екипата на Манчестер Сити. Шампионот ги однесе бодовите благодарение на голот на Бернардо Силва во 62. минута на средбата.

 

Со голот на Пјер-Емерик Обамејанг, Арсенал, конечно, се израдува на првата сезонска победа. „Топчиите“ минимално со 1:0 славеа дома над Норич.

 

ПРЕМИЕРЛИГА – 4. КОЛО

Кристал Палас – Тотенхем 3:0

Арсенал – Норич 1:0

Манчестер Ј. – Њукасл 4:1

Лестер – Манчестер Сити 0:1

Ватфорд – Вулверхемптон 0:2

Саутемптон – Вест Хем 0:0

Бретнфорд – Брајтон 0:1

Челзи – Астон Вила 18:30 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноБотас победи на спринтот на „Монца“, Верстапен утре тргнува прв
СледноЦСКА (М) го раскина договорот со Мајк Џејмс