Лазаров, Стоилов и Миркуловски се минато, сегашност и иднина на македонскиот ракомет

1679

Пред стартот на Европското првенство секогаш интересни се деталите. Македонската ракометна репрезентација ќе учествува на осмото по ред, вкупно деветто континентално натпреварување. Ќе игра во Хернинг, а за противници ви групната фаза ќе ги има селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Еден статистички дел поврзан со нашата репрезентација ни задржа внимание. Се однесува на категориите најмногу настапи на Европски првенства и најмногу голови.

На Топ 5 листата се Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски. Ова трио кое долго време го носеше националниот дрес и натаму е дел од репрезентацијата, но со поинакви улоги.

Лазаров е селектор, Стоилов е во стручниот штаб, додека пак Миркуловски е спортски директор.

Наш најдобар стрелец на сите времиња на Европските првенства е Лазаров кој има 182 гола, истите ги постигна во периодот од 2012 до 2020. Додека пак играч со најмногу настапи во дресот на Македонија на ЕП е Стоилов, има одиграно 29 натпревари во периодот од 2012 до 2022 година.

Претходно„Бомба“ во најава: Јирген Клоп подготвен за сензационално враќање!
СледноЦ. Звезда го испрати Гаштаров во Борац Чачак на позајмица!