И официјално: Вуко Борозан и Вардар се разделија

268

Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина.

Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата.

„Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, здравје и успех во понатамошната кариера“, велат од клубот. 

ПретходноНов проблем за Словенија, на ЕП ќе мора и без првиот голман Ферлин
СледноИнтервју со Билјана Црвенкоска: Знаењето нема пол, авторитетот се гради!