Чаби Алонсо се прости од Реал:“ Не испадна како што сакавме…“

343
ФОТО: Real Madrid FC/FB

По само шест – седум месеци престој на “Сантијаго Бернабеу“, Чаби Алонсо вчера доби отказ. “Кралевите“ го назначија Алваро Арбелоа за негов наследник кој веќе денеска работеше со екипата.

Чаби Алонсо за прв пат јавно проговори откако ја напушти клупата на Реал Мадрид и во порака на социјалните мрежи призна дека неговиот седуммесечен мандат не ги исполни очекувањата.
Шпанскиот тренер, кој пристигна летово од Баер Леверкузен по историска сезона во Бундеслигата, изјави дека работата во Мадрид не одела според планот, но дека не сакал да остави горчлив впечаток зад себе.
„Оваа професионална фаза е завршена и не испадна онака како што сакавме. Тренерството на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и пред сè на навивачите на Реал за нивната доверба и поддршка. Си заминувам со почит, благодарност и гордост затоа што дадов се од себе“, напиша Алонсо на социјалните мрежи.

ПретходноМолдавци ќе ни судат со Данска, Тодоровски и Митревски ќе ја делат правдата во Малме!
СледноЛина утре од 04.30 часот против Зиданшек за пласман во 3.коло во квалификациите на АО!