Лина утре од 04.30 часот против Зиданшек за пласман во 3.коло во квалификациите на АО!

174

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, утре од 04.30 часот по македонско време, може и нешто подоцна, ќе бие битка за финалето или пласман во 3.коло во квалификациие на Австралија Опен во Мелбурн. Македонската тенисерка за противничка ќе ја има Тамара Зиданшек од Словенија која е на 151.место на ВТА листата, да потсетиме дека Лина во моментов е на 205.место на оваа листа.

Се разбира дека Лина и на овој меч ќе ја има максималната поддршка од Македонците во Австралија, како што беше и на првиот меч во квалификациите во Мелбурн кога славеше против Синја Краус од Австрија славеше со 2:0 во сетови и ги воодушеви Македонците во Мелбурн и цела Австралија.

ПретходноЧаби Алонсо се прости од Реал:“ Не испадна како што сакавме…“
СледноЛуис Рибеиро прави трансфер од Шкупи во Башкими!