Мексиканската тениска сензација целосно изгоре на сонце: Австралија не е шега

513

Летото е во полн ек во Австралија, а со него и многу високи температури кои ги пречекуваат тенисерките кои пристигнаа да се подготват за претстојниот Отворен турнир на Австралија. Додека некои се подготвуваат за турнири, други ја користат својата последна шанса преку квалификациите да влезат во главниот ждреб, кој е закажан за 18 јануари.

Мексиканската тенисерка Рената Заразуа од прва рака искуси колку може да биде опасно австралиското сонце, бидејќи се соочи со неочекувани проблеми пред почетокот на првиот Гренд слем во сезоната. 28-годишната тенисерка објави фотографија на својот Инстаграм профил на која се гледа грбот, целосно црвен од тешки изгореници.

Се чини дека Заразуа тренирала без соодветна заштитна крема, а покрај изгорениците, на нејзината кожа се гледаат и кружни траги од терапијата со чаши, која спортистите ја користат за подобрување на циркулацијата. Таа напиша кратка порака до своите следбеници покрај фотографијата: „Австралиското сонце не е шега“.

 

ПретходноНереално издание на Лука Дончиќ во последните 24 часа во НБА-лига (ВИДЕО)
СледноМитревски: Тимот е доволно созреан за да направиме нешто плус на големите натпреварувања!