Стартува ракометното „лудило“: Франција го брани тронот, Данска го напаѓа, „огнено“ крштевање за Раул Гонзалес

716

Денеска и официјално стартува Европското првенство, по вторпат во историјата ќе се одржи во три земји: Данска, Шведска и Норвешка. Од денеска до 1 февруари, не очекува вистинско ракометно лудило, бидејќи конкуренцијата за тронот е голема, а изненадувањата се неизбежни.

И на ова големо натпреварување ќе ја гледаме Македонија, игра против Данска, Португалија и Романија, битките ги стартува утре против домаќинот.

Бранител на тронот е Франција, оваа земја се наоѓа во групата Ц, шампионатот го отвара против Чешка, меч кој е закажан со почеток во 18 часот, подоцна (20:30 часот), Норвешка ќе одмери силите против Украина. Натпреварите од оваа група се играат во Баерум.

Денеска мечеви ќе се играат во Хернинг од групата А. Таму поранешниот македонски селектор, Раул Гонзалес ќе ја предводи Србија за првпат на едно големо натпреварување, а за противник ја има „својата“ Шпанија. Мечот се игра со почеток во 18 часот.

„Шпанија има квалитет, ова е опасна репрезентација. Ова ќе биде многу поинаков меч, кој ќе биде важен за нас. Ќе дадеме се од себе за да имаме добар старт“, порача Мијајло Марсениќ, кој со Раул соработуваше во Вардар.

На вториот дуел пак Германија ќе се сретне против Австрија, меч кој е закаажан во 20:30 часот.

Што се однесува до фавортите за освојување на ЕП, на прво место е домаќинот Данска, кој е актуелен светски и олимписки првак. Оваа селекција доминираше на подготовките, па оттука сите очекуваат да се врати на тронот после 2012 година кога последен пат го совои златниот медал и тоа во Србијаа. Минатото ЕП го заврши на второто место, загуби од Франција во финалето.

Во продолжение ви ги претставуваме групите, распоредот и патот до финалето.


*Следете СПОРТСПОРТ од лице место ќе известува од Хернинг, градот домаќин на групата на Македонија.

ПретходноПитлик: Повредата на стомакот е санирана, 100% играм против Македонија
СледноПочина Анте Гргуревиќ, сплитскиот „Баркли“