Денеска на ЕП 2026: Вечерва игра Македонија, Португалија „загрева“ со Романија

170
фото: European Handball Federation @EHF_Activities (X)

Вториот ден на Европското првенство во ракомет е ден за Македонија. Нашите момци вечерва во Хернинг против светскиот и олимписки шампион Данска го почнуваат шампионатот (20:30 ч.)

На шампионатот денеска ќе има вкупно шест натпревари. Освен мечот Данска – Македонија, денеска во групата „Б“ играат и Португалија и Романија (18 ч.).

Интересно треба да биде и на дуелите во Кристијанштад и во Осло.

Натпреварите ќе може да ги гледате на МРТ.

ГРУПА Б

18.00 Португалија – Романија

20.30 Данска – Македонија

ГРУПА Д

18.00 Словенија – Црна Гора

20.30 Фарски О. – Швајцарија

ГРУПА Ф

18.00 Исланд – Италија

20.30 Унгарија – Полска

ПретходноОфицијално: Мален е нов напаѓач на Рома
СледноМакедонија памети само една победа против Данска!