Томовски: Данците ги казнуваа нашите грешки, за нас клучни се мечевите со Португалија и Романија

45

На крајот убедлив пораз на првиот меч на Македионија на ЕП вечерва во Хернинг. Резултатот гласеше 36:24, сепак се чини дека грешките што ги имавме противникот и тоа како знаеше да ги казнува.

Тоа го вели и нашиот голман Мартин Томовски:

Свесни бевме дека играме против една од најдобрите селекции во светот. Но, ете тие технички грешки беа пресудни околу тоа како течеше после мечот, Данците ги казнуваа тие наши грешки. Брзо направија разлика а потоа само ја одржуваа“ посочи Томовски.

Пред нас се мечевите со Португалија и Романија:

Ние и пред ЕП знаевме дека за нас клучни се мечевите со Португалија и Романија. Треба да извлечеме поуки за она што не чека против Португалците. Мислам дека добро ќе анализираме и добро ќе се подготвиме за таа средба“ заврши Томовски.

ПретходноСлот за Салах: Среќен сум што ќе се врати!
СледноЛазаров: Мора да бидеме задоволни и да извлечеме позитивни поуки