Лазаров: Мора да бидеме задоволни и да извлечеме позитивни поуки

101

Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, откако беше поразена од фаворитот Данска со 36-24. Актуелниот светски и олимписки првак на дело покажа зошто е главен фаворит за златниот медал. Македонија пак на овој дуел во составот ги немаше Жарко Пешевски и Никола Митревски.

Селекторот, Кирил Лазаров после мечот ги сподели своите импресии од дуелот.

„Можам да кажам слободно, иако е тешко кога ќе изгубиш па било тоа да е и Данска со дванаесет гола разлика дека си задоволен од нашите момци, како тие се бореа. Како се поставија против една од најдобрите, ако не и најдобра репрезентација во светот во послендите десет години.

Добро ги анализиравме, ги знаевме нивните силни страни, слабите пробавме да ги најдеме ги нема многу. Мислам дека добро го подготвивме натпреварот. Вакви мечеви им се случуваат и на многу подобри репрезентации од нас. Мора да бидеме задоволни и да извлечеме позитивни поуки од овој меч. Мислам дека заедно со стручниот штаб добро изротиравме, дадовме шанса на сите шеснаесет играчи.

Мислам дека лошо го почнавме мечот, со три до четири технички грешки мислам дека тука ни се одлешија. Мислам дека на поставена, позициска одбрана, ја натеравме Данска да не нападне со седум на шест. Тоа е еден голем плус за нас, и еве за мене како тренер. Данска има екстра напаѓачи. Мислам дека одбраната беше добро поставена, и задоволен сум. Треба да бидеме подобри во наредните мечеви. Но да ја нападнеш Македонија со седум на шест, со сите врвни бекови кои Данска ги има, а и пивоти, лесно им е да создадат вишок. Задоволен сум, утре нема да имаме тренинг, момците мора да се одморат, да соберат енергија, да ги средат мислите, и да настапиме уште по порбено и поквалитетно. Митревски и Пешевски имаат ситни повреди. Доста разговаравме во нашиот медицински и стручен штаб, дали да бидат во составот. И секако дека кога се тие во тимот сме неколку проценти посилни“.

Следен противник на Македонија е Португалија, исто така силна селекција.

„Затоа што ритамот е пеколен, и ни треба звежина за мечевите против Португалија и Романија. Немаме многу време имаме само еден ден одмор. Да се рехабилитраме. Да го подготвивме дуелот со Португалија, и да се покажеме во право светло. Данска е Данска видовте и сами. Нивното најсилно оружје е транзицијата. Полуконтрата. И многу посилни од нас не успеале да го сопрат тој ритам нивен, шеесет минути“, изјави Кирил Лазаров. 

ПретходноТомовски: Данците ги казнуваа нашите грешки, за нас клучни се мечевите со Португалија и Романија
СледноГидсел: Бевме нервозни, прво од публиката, а потоа знаевме дека Лазаров ќе проба да не изненади!