Џирона со гостински триумф кај Еспањол

103

Екипата на Еспањол слободно може да се каже дека направи голем кикс вечерва во рамките од новото коло во Примера шампионатот. Загуби на свој терен од тимот на Џирона со 0:2, и со тоа загуби може да се каже планирани бодови.

Неуспехот на домаќинот на овој меч го најави Ванат кој што погоди од пенал во судиското продолжение од првиот дел.

Да биде иронијата поголема, истиот играч на истиот начин погоди и во судиското продолжение од вториот дел, за конечни 0:2.

Еспањол сега е петти со 34. бода, додека пак Џирона е деветта со 24.

 

ПретходноАталанта „киксираше“ на гостувањето кај Пиза
СледноЛазаров ќе чека до последен момент за Митревски и Пешевски