По Крешимир Ќосиќ (1996), Дражен Петровиќ (2002), Мирко Новосел (2007) и Дино Раѓа (2018) Хрватска од денеска има уште еден член во кошаркарската „Куќа на славните“. Тони Кукоч, легендарниот кошаркар роден во Сплит, троен освојувач на НБА и троен освојувач на Евролигата е избран во елитното друштво на „Куќата на славните“ во Спрингфилд, САД. Така Хрватска стана втората држава по САД со најмногу луѓе во Куќата на славните.
Освен Кукоч, меѓу избраните оваа година се и Крис Боч, Боб Дандриџ, Јоланда Грифит, Лорен Џексон, Фатс Џенкинс, Перл Мур, Пол Пирс, Бен Валас и Крис Вебер од играчите, а Бил Расел и Џеј Рајт од тренерите.