Шведскиот фудбалски ас Златан Ибрахимовиќ даде интервју за новиот број на магазинот „Франс Фудбал“. 39-годишниот напаѓач на Милан по којзнае кој пат го демонстрира своето високо его и самодоверба, а можеби тоа го прави еден од најдобрите во светот.
На прашањето дали му недостасува „Златната топка“ во колекцијата на трофеи тој изјави: „На Златан не му недостасува „Златната топка“ туку на „Златната топка“ и недостасува Златан“. Одговорот токму како во вицовите за Чак Норис.
„Со сигурност тврдам дека јас сум најдобриот фудбалер на светот во моментов. Роналдо и Меси? Ако гледаме во квалитет, јас сум подобар од нив“, вели Швеѓанецот.
Инаку новото издание на „Франс фудбал“ и интервјуто на Ибрахимовиќ треба да се појави во продажба веќе од денеска.