ПМФЛ: Штипјани гостуваат на Арената, ќе биде “жешко“ во Струмица,Тиквеш сака прва победа…

301

Во пресрет на супер-дербито кое се игра во вторник меѓу Шкендија и Шкупи, а беше поместено од познати причини, денеска се играат пет натпревари од 6.коло во ПМФЛ во тековната сезона.

Секако дека најинтересно ќе биде на Арената во Скопје,каде Работнички кој во последно време игра се подобро, ја дочекува Брегалница. Нема сомневање дека “сините“ и попладнево ќе тргнат во поход на Арената по нови бодови.

Не помалку интересно ќе биде во Струмица каде Академија Пандев ја дочекува Македонија ЃП. Екипа која во последните неколку денови од летниот преоден рок драстично се засили. Се очекува вистинска битка на теренот на комплексот „Горан Пандев“ каде се игра овој меч.

ВО КАВАДАРЦИ ЌЕ “ГОРИ“…

Само Тиквеш,покрај Пелистер досега не знае што е победа сезонава во ПМФЛ. Затоа попладнево во Кавадарци ќе “гори“ што се вели. Ова е последна шанса за тренерот на кавадарчани Пане Блажевски да остане на клупата на Тиквеш. Во случај неговиот тим да не победи, тогаш се знае што и дефинитивно следува. А Тиквеш игра против квалитетниот состав на Ренова. И “гипсарите“ најавуваат победа. Ќе биде супер интересно во Кавадарци.

Борец и Пелистер играат во Велес. Домашниот тим можеби е фаворит на хартија, но се знае како Пелистер пред две недели ја сопре Шкендија. Струга ТЛ очекува нова победа, и тоа против Скопје, иако знаат стружани дека нема да им биде лесно против “пиратите“.

 

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)

СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ

БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

А.ПАНДЕВ –МАКЕДОНИЈА ЃП

РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА

ТИКВЕШ – РЕНОВА

ВТОРНИК (15.00 Ч)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

ПретходноБојку: Скопје е агресивна екипа, сепак бодовите остануваат во Струга!
СледноАлегри: Јувентус ќе го надополни дефицитот од 8 бодови