ВМФЛ-ЗАПАД: Дерби во Маџари, лидерот Воска Спорт сака победа и против Вардар!

387

 

Ждрепката сакаше уште во 3.коло силите да ги одмерат Вардар и Воска Спорт, две од трите екипи кои се аспиранти за највисок пласман сезонава во ВМФЛ – ЗАПАД. Денеска е ден за дерби, се игра на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари, а се среќаваат Вардар и Воска Спорт. Охриѓани се лидери на табелата, и тие не кријат дека сакаат и трета победа во исто толку натпревари, а Вардар е во проблеми. Ако не победи денеска тогаш тешко ќе се врати во “игра“ за првото место, посебно ако се знае дека Воска Спорт и Силекс имаат по шест бодови, а вардарци досега само еден.Се разбира тука мислиме на бодовното салдо пред денешното трето коло.

Се очекува голема борба во Маџари.

Силекс му гостува на квалитетниот состав на Охрид, сепак кратовци се фаворити на хартија. Тетекс го дочекува Кадино, во Гостивар истоимениот тим игра со Беса, додека Кораби му е домаќин на тимот на Велешта.

 

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16:00 Ч)

ОХРИД – СИЛЕКС

ТЕТЕКС –КАДИНО

ГОСТИВАР – БЕСА

КОРАБИ – ВЕЛЕШТА

ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ

ПретходноРФМ: Секогаш постапуваме според утврдените нормативни акти
СледноВМФЛ – ИСТОК: Пехчевци гостуваат во Струмица, Победа по три бода против Саса