Шокантно: Европа ќе го бојкотира Мундијалот ако Трамп изврши агресија на Гренланд?!

518
фото: Football Tweet (X)

И дефинитивно спортот и политиката не можат да се одвојат. Посебно кога станува збор за она што сега го прави САД, поточно првиот човек на таа земја Доналд Трамп. Јасно е дека тој е решен, барем според неговите изјави, да изврши агресија врз Гренланд, а тоа значи напад на Данска, а тоа значи напад врз земја на НАТО и земја на ЕУ.

Дали тоа го знае Трамп?

И ако тоа го стори, тогаш веројатно ќе следи жесток одговор на нападнатиот, на ЕУ. Имено во последно време се повеќе се дебатира, а посебно во Германија, па и во Англија и Шпанија, секако и Франција, дека најдобриот одговор на ЕУ кон Трамп ќе биде бојкотот на претстојниот Мундијал.

Секако дека ова ќе биде жесток удар за Трамп и неговото его, и тоа ако се случи тогаш јасно е дека Мундијалот и тоа како ќе му пропадне. Јасно е дека Европа ќе загуби со неучеството на нејзините репрезентации, но барем конечно ќе изрази свој став кон оној што сака да те нападне.

ПретходноЕве како Дон Карло синоќа ја пееше химната на Реал на “Бернабеу“!(ВИДЕО)
СледноЗа Лазаров велеа дека не знае да плива во длабокото, но тој и неговите момци препливаа океан