Џеко не размислува да застане и се враќа во Германија

143

Легендарниот Един Џеко нема намера да престане да се бави активно со професионален фудбал, и покрај фактот што се ближи до полни 40. години. Сегашниот играч на Фиорентина ќе се врати во Германија, каде што пред повеќе од една деценија настапуваше за тимот на Волфсбург, и ќе стане дел од екипата на Шалке 04.

Фиорентина се согласи да го продаде босанецот, деталите не се познати, но станува јасно дека клубот оди во друг правец на пролет. Џеко пристигна летоска во трансферот од Фенербахче.

Џеко ќе потпише договор до 2027 година, а во моментов второлигашиот лидер во Германија ќе му ја додели десетката.

 

ПретходноЕгзон Белица направи кам бек во Работнички
СледноБруката на Сити против Бодо ќе ја „перат“ капитените… ги плаќаат трошоците на гостинските навивачи