Бруката на Сити против Бодо ќе ја „перат“ капитените… ги плаќаат трошоците на гостинските навивачи

289

Она што тимот на Манчестер Сити го доживеа синоќа на гостувањето во рамките од Лигата на Шампионите, против норвешкиот тим на Бодо Глимт и поразот од 3:1 може да се в брои во еден од најголемите шок порази во историјата на ова натпреварување.

Сити прописно се обрука во ладната Норвешка но и таму имаше солидна поддршка од неговите навивачи. Па така во насока на извинување за дебаклот, капитените на Сити, Бернардо Силва, Рубен Дијаз, Родри и Ерлинг Халанд издадоа заедничко соопштение во кое стои дека се подготвени да ги рефундираат парите кои навивачите ги потрошиле за гостувањето.

„Нашите навивачи ни значат сè. Знаеме какви жртви прават кога патуваат низ светот за да нè поддржат и никогаш нема да го земеме тоа здраво за готово. Тие се најдобрите навивачи на светот. Исто така, сфаќаме дека ова беше многу долго патување за навивачите кои нè поддржаа во ледениот студ во оваа тешка ноќ на теренот. Покривањето на трошоците за билети на навивачите кои патуваа во Бодије е најмалку што можеме да направиме. Подготвени сме да се бориме во сабота за нашиот натпревар против Вулверхемптон, а потоа ќе се соочиме со нашите неверојатни навивачи на „Етихад“ повторно следната среда за нашиот натпревар против Галатасарај“, се вели во официјалното соопштение на играчите.

ПретходноЏеко не размислува да застане и се враќа во Германија
СледноЗаврши мини-преодниот рок во одбојкарските првенства, дамите поактивни на „пазарот“