Четврти успех во АБА 2: ТФТ преку продолженија до победа над Слобода

59
фото: druga.aba-liga.com

По едно продолжение, екипата на ТФТ славеше над Слобода Тузла со 96:91 во меч од новото коло во АБА 2 лигата. Иако имаше одлично прво полувреме и висока предност (53:43), нашиот претставник во вториот дел дозволи гостите комплетно да се вратат во мечот и на крајот истиот да го однесат во дополнителни минути.

На една минута пред крајот, ТФТ влезе во мечот со предност од два поени, но Чампара погоди за 81:81, по што и двата тима имаа по еден обид, но не успеаја да постигнат поени.

Во продолжението момците на Боро Смилковски беа посмирени и брзо направија разлика која на крајот им донесе четврта победа.

Виндел со 20 и Ташовски со 18 поени беа најдобри реализатори во составот на ТФТ. Кај екипата на Слобода најефикасен беше Томашевиќ со 26 поени.

ПретходноБрера одигра нерешено на пријателската со Ксанти
СледноЈакимовски со 7 поени во новата победа на Тренто во Еврокупот