ЛШ: Баку слави, Карабах со гол во 94. минута го совлада Ајнтрахт, реми во Истанбул (ВИДЕО)

77

Инфаркт завршница во Баку со среќен крај за Карабах. Азербејџанскиот шампион обезбеди голема победа од 3:2 над бундеслигашот Ајнтрахт со гол во последните секунди од 4-минутното продолжение на мечот од 7. коло во ЛШ. Дефанзивецот Мустафазада беше херојот на Азербејџанците погодувајќи во 94. минута по едно одлично уфрлување од страна (ВИДЕО).

Претходно, со првиот гол на Дуран домашните водеа со 1:0, но Ајнтрахт брзо израмни на 1:1 преку Узун, за Чаиби на стартот на вториот дел од пенал да ги донесе Германците до водство од 1:2. Карабах со вториот гол на дуран брзо израмни на 2:2, а во завршницата стигна голот за големата победа.

Во вториот меч вечерва, Атлетико (М) одигра само 1:1 на гостувањето кај Галатасарај. Гостите поведоа со голот на Симеоне (ВИДЕО), но Љоренте ја погоди сопствената мрежа за 1:1 (ВИДЕО) што беше и конечен резултат на дуелот.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноЈакимовски со 7 поени во новата победа на Тренто во Еврокупот
СледноБашкими заминува за Медулин, закажа и четири контроли