Ждрепката за 1/4 финалето во Купот е закажана за утре!

90
ФОТО: FFM

Како што информираат од страна на Фудбалската федерација на Македонија, ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија ќе се одржи утре (23 јануари 2026) и тоа во просториите на ФФМ од 12 часот. И во оваа фаза од ова натпреварување ќе се одигра само по еден меч, и ждрепката нема да биде “диригирана“, значи може секој со секого може да се падне.

Ова се екипите кои изборија пласман во 1/4 финалето и кои утре ќе ги има во баранот за ждрепката:

Вардар, Струга ТЛ, Шкендија, Работнички, Силекс, Шкендија Арачиново, Детонит и Охрид.

Вардар го брани трофејот.

ПретходноУ-17:Македонија со два порази на контролите со Турција
СледноТРАНСФЕРИ: Ѓулер се сели во Лондон, Тотенхем бара 120 милиони евра за Ван де Вен, Челзи спрема “бомба“…