Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев од денеска е нов член на најдобриот тим во чешката Екстралига, Карловарско.
Клубот денеска и официјално с епофали со ангажманот на нашиот најдобар одбојкар, кој по една полусезона мината во романски Рапид, реши да замине од тимот и кариерата да ја продолжи во Карловарско, кој сезонава ќе се бори за титулата во едно од најсилните одбојкарски првенства во Европа.
37-годишниот Ѓоргиев низ настапите во Чешка ќе се обиде да ја одржи својата форма пред настапот на Македонија на Европското првенство во септември.
„Ова ми е 21-ва сезона како играм во странство и ќе ми биде првпат во Чешка. Многу сум среќен што се приклучувам на успешниот клуб ВК ЧЕЗ Карловарско, кој досега имаше одлична сезона. Се надевам дека сите ќе останеме здрави и дека ќе ја продолжиме добро започнатата сезона и ќе ги оствариме сите наши цели. Со нетрпение очекувам да ве сретнам сите во Салата за балски спортови и се надевам дека ќе освоиме уште многу натпревари и трофеи“, изјави Ѓоргиев.










