Каков меч во Струга. Победникот беше решен во 95.минута, буквално во последните секунди од мечот. Струга Трим Лум победи со 1:0 на дуелот со Скопје, а Галевски со гол за победа му честиташе роденденот на својот тренер Срѓан Захариевски.
„Е, сега можам слободно на раат да го прославам роденденот“ вели по малку во шега Захариевски за Спортмедиа и продолжува…“Тешко беше, им благодарам на момците за вербата дека на крајот сепак ќе победиме. Оваа победа многу ни значи. Имавме шанси многу порано да го решиме мечот, не реалзиравме и пенал, но сепак на крајот успеавме. Ме радува тоа што сега сме единствената екипа во Лигата која не е поразена. Нема што, одиме напред“ порача Захариевски кој денеска полни 48 години.