Скапо шише вода… Челзи казнет со 150.000 евра

64

Екипата на Челзи е казнета со 150.000 откако засега непознат член од стручниот штаб фрлил шише со вода кон клупата на Астон Вила на дуелот од Премиер лигата во месец декември.

Инцидентот се случи по драматичната победа на Астон Вила со пресврт од 2-1 на Стемфорд Бриџ. Двата гола на Оли Воткинс ја „зовреа“ атмосферата по што настанаа големиот инцидент.

Од таборот на Челзи ја прифатија вината по сите закони и прописи и беше свесен за казната која што следува.

Независниот регулаторен панел на Фудбалската асоцијација (ФА) му ја изрече казната на Челзи по сослушувањето на 19 јануари. Во писмените образложенија дадени од панелот се наведува дека ФА обезбедила видео снимка од фрлањето на шишето. Ситуацијата била опишана како „опасна“ и „можела да предизвика реакција“ од персоналот на Виља.

ПретходноВасоски: Ростерот е комплетиран, работиме добро и се подготвуваме за она што следува
СледноНевремето во Анталија им прави проблем на македонските екипи