Скандалозно: Еве како Џака се пресметуваше со фановите!(ВИДЕО)

340
ФОТО:Screenshot

По очајните резултати, Вест Хем конечно успеа да ги израдува своите навивачи и денес ја оствари втората последователна победа во првенството, и бодови кои вредат злато во борбата за опстанок.
Лондонскиот клуб беше домаќин на Сандерленд, кој е во многу подобра форма оваа сезона, но гостите „паднаа“ во Лондон полесно од очекуваното.
Вест Хем сè реши веќе во првото полувреме кога домашните водеа со 3:0. Првиот гол го постигна Самервил во 14-тата минута, а потоа Бовен од пенал направи 2:0 по половина час игра. Вест Хем стигна до третиот гол на самиот крај од првото полувреме. Овој пат, Фернандес влезе на сцена и постигна гол за 3:0 и нова ерупција на ентузијазам на трибините.
Единственото нешто што Сандерленд успеа да го направи на овој натпревар го видовме во 66-тата минута кога Броби го намали резултатот на 3:1, што беше конечен резултат од натпреварот во Лондон. Но, за жал, фудбалот не беше во преден план по натпреварот. Во самиот финиш се случи срамна сцена, поради што главниот судија дури и го прекина натпреварот за кратко време додека не се смират страстите.
Имено, во центарот на вниманието беше швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака, кој имаше жестока вербална пресметка со еден од навивачите на домашниот тим.
Џака не играше денес и беше веднаш зад клупата на Сандерленд, а два реда зад него седеше навивач кој го провоцираше на крајот од натпреварот.

„Што сакаш од мене?“, повтори Џака на навивачот на Вест Хем. Англиските медиуми наведуваат дека сè започнало од домашен навивач кој го провоцираше Џака, кој некогаш играл во дресот на градскиот ривал Арсенал. Сепак, Џака не остана должен и реши да возврати, па дури и редарите реагираа бидејќи имаше стравувања дека може да дојде до физичка пресметка.
Судијата го виде ова и накратко го прекина натпреварот додека не се смири ситуацијата на трибините. Сепак, сè продолжи по последниот свиреж на судијата бидејќи другите навивачи на Вест Хем почнаа да го провоцираат Џака, што воопшто не му се допадна.

 

ПретходноЃоковиќ се извини откако избегна дисквалификација (ВИДЕО)
СледноИсториски меч во Хернинг: Франција со рекордна партија против немоќната Португалија