Првиот светски рекет, Карлос Алкараз, на нему својствен начин стигна до нова победа на првиот Гренд Слем турнир годинава, Австралија Опен, и пламан во 1/4 финалето.
Шпанецот денеска со 3:0 го победи американецот Томи Пол со 7:6, 6:4 и 7:5 и што се вели без проблеми мина во следната фаза.
Освен еден до два блиц бреј гемови, реално Пол и немаше шанса на овој дуел и Алкараз заслужено е во самата завршница на овој турнир.
Алкараз досега нема повисок поласман на АО од четвртфиналето, единствениот Гренд слем турнир што не го има освоено досега.
Од друга страна пак ниту Александар Зверев немаше преголеми проблеми во дуелот со аргентинецот Церундоло победувајќи го со 3:0, 6:2, 6:4:6:4.









