Видео кое буди емоции – се појави Грег Попович

336

Легендарниот тренер за првпат по подолго време се појави во јавноста, и тоа не во најдобра состојба. Тој беше присутен на натпревар од Џи-лигата меѓу Остин Спарс и Капитал Сити, на кој домашниот тим славеше со 110:103.

Попович (76), кого многумина го сметаат за најголемиот тренер на сите времиња, цели 29 години беше на клупата на Сан Антонио, сè до 2025 година, кога во март мораше да им го препушти кормилото на помладите поради опоравување од срцев удар.

Оттогаш ретко можеше да се види во јавноста, а сега се појави на споменатиот натпревар со стап, движејќи се тешко и со помош на пријатели.

Тажна слика на еден великан, но секогаш е убаво да се види на кошаркарските терени.

 

ПретходноБрера го засили нападот
СледноПријателска: Башкими го “торпедира“ Рудар Плевља во Медулин!