Србија ја порази Унгарија и стана европски шампион во ватерполо

147

Ватерполо репрезентацијата на Србија ја совлада репрезентацијата на Унгарија со 10:7 во финалето на европското првенство и стана нов европски првак во ватерполо. Србија е европски шампион по пауза од 8 години, откако предходниот златен медал го освои во 2018 година на европското првенство во Шпанија.

Србите одиграа фантастичен меч и доминираа во сите четири четвртини. Најдобар стрелец во екипата на Србија беше Душан Мандиќ со 4 гола, а се истакна и голманот Глушац со 10 интервенции. Кај унгарците најдобар беше Вагвари кој постигна 2 погодоци. Србите пружија фантастична игра, но и организација во текот на целиот турнир и уште еднаш докажаа дека се една од најдобрите светски селекции во ватерполо.

ПретходноСари: Играчите на Лацио си заминуваат поради недостиг на амбиции!
СледноПродолжува пеколот во Малме: Хрватската бајка продолжува!