ТФТ победник на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“

249

ТФТ е победник на првото издание на меморијалниот турнур, кој овие денови се одржуваше во Скопје во чест на легендарниот македонски стратег Анте Дуковски. Во финалето тимот од Тафталиџе го совлада Феникс и тоа со убедливи 106-83.

Првото полувреме беше изедначено (47-46), избраниците на Боро Смилковски дуелот го решија пред стартот на последните десет минути, во овој период влегоа со 83-68.

Хортон со 26 поени го предводеше својот тим, зад него беше Бродвеј со 19. На другата страна Куртис Џоунс имаше 35 поени и 17.

Третото место и припадна на Академија ФМП, која беше подобра од Куманово со 75-71.

Овие денови на кошарка беа најава за една одлична сезона во мак-баскетот.

ФОТО: ТФТ

ПретходноПосле девет месеци Битола уживаше во ракомет (ФОТО)
СледноИбра се појави со нова фризура (ФОТО)